Термин: 29 Декември

1 ден  29.12.2018 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден 30.12.2018 БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел... Ноќевање.

3 ден   31.12.2018 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА Појадок. Препорачуваме посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. . Дочек на Нова Година на централниот плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден 01.01.2019 БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА Појадок. По појадокот факултативно заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  02.01.2019 СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11.2018: 129 € / 8.000 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  139 €/ 8.620 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко осигурување 160 денари
  • Разглед на Будимпешта со локален водич 10€
  • Крстарење по Дунав 15€
  • Посета на Сент Андреа 10€
  • Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Мартео Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.