ХОТЕЛ | КАТЕГОРИЈА | ЛОКАЦИЈА | ТИП НА СОБА | УСЛУГА | 5д/ 4н | 8д/ 7н |
IBIS DCC | 3* | DEIRA | STANDARD | НП | 535€ | 619€ |
AVARI DUBAI HOTEL | 4* | AL RIGGA | AVARI WT ROOM | НП | 585€ | 699€ |
CASSELS AL BARSHA | 4* | AL BARSHA | SUPERIOR DBL | НП | 589€ | 699€ |
GRAND EXCELSIOR AL BARSHA | 4* | AL BARSHA | SUPERIOR DBL | НП | 589€ | 699€ |
FIRST CENTRAL HOTEL APARTMENT | APP | TECOM | CLASSIC STUDIO | НП | 589€ | 699€ |
GRAND BELLE VUE HOTEL APARTMENT | APP | TECOM | STUDIO | НП | 589€ | 699€ |
HOLIDAY INN AL BARSHA | 4* | AL BARSHA | DELUXE | НП | 599€ | 719€ |
ROSE PARK AL BARSHA | 4* | AL BARSHA | DELUXE | НП | 599€ | 719€ |
CROWNE PLAZA DUBAI | 5* | SHEIKH ZAYED ROAD | DELUXE DBL | НП | 649€ | 799€ |
NASSIMA ROYAL | 5* | SHEIKH ZAYED ROAD | SUPERIOR DBL | НП | 689€ | 869€ |
THE RETREAT PALM JUMEIRAH | 4* | PALM JUMEIRAH | CLASSIC ROOM BALCONY | НП | 799€ | 1055€ |
SHERATON JUMEIRAH BEACH RESORT | 5* | JUMEIRAH | STD WALK VIEW | НП | 929€ | 1289€ |
АВИОН ОД СКОПЈЕ + ТРАНСФЕР + 4/5 & 7 НОЌЕВАЊА ВО ДУБАИ / НА БАЗА НП
валидна за резервации и уплата до пополнување на Промо места
НАПОМЕНА - Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба/услуга
Цените се изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по Промо цени на авион
(Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на вион и во хотел – на барање)
Програма на патувањето:
5-6-8 дена/ 4-5-7 ноќи - авиокомпанија "FLY DUBAI"
1. ден Скопје - Дубаи.
Полетување на авионот за Дубаи во 13.50 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 20.45 часот (варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
2 - 4/5/7ден Дубаи- слободен ден за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии.
Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга, наутро инфо состанок и слободно време претпладне за индивидуални активности.
ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ - ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise
ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ОПЦИОНО ИНДИВИДУАЛНО - Во вечерните посета на Burj Khalifa - највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат ...Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови. Посета на DUBAI PARKS & RESORTS – ИНДИВИДУАЛНО (на барање). Најновата атракција во Дубаи – забавен парк кој се состои од неколку тематски парка (Motiongate/ Bollywood Parks Dubai/ Legoland Dubai/ Legoland Water Park).
5/6/8 ден ДУБАИ-СКОПЈЕ.
. Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.10 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.45 часот (варијабилни саатници согласно политика на авио компанија).
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Повратен авионски билет на релација Скопје - Дубаи – Скопје со FLYDUBAI (вклучен багаз рачен 7кг и чекиран 20кг, согласно политика на авио компанија, НЕ Е ВКЛУЧЕН ОБРОК ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ – со доплата и претходна резервација);
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
- 4/5/7 ноќевања во избраниот хотел / тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга;
- Организација и реализација на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- аеродромски такси – 45ЕУР по лице (задолжително за сите лица, вклучувајќи и дете и бебе)
- Влезна виза за Дубаи - 85ЕУР по лице (задолжително за сите лица, вклучувајќи и дете и бебе)
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ НАВЕДЕНИ ПОГОРЕ ИЛИ ИНДИВИДУАЛНИ НА БАРАЊЕ (зависи од број на лица пријавени за секоја екскурзија и попусти за КОМБО тури ако се земат 3 или повеќе екскурзии заедно)
- Патничко осигурување
- Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-5 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
- Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на целот износ. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
- Во готово - уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
- Кредитни картички
- уплата преку фактура
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две возрасни.
- Постои можност во собите да се постави едно дополнително легло како помошен кревет за дете или 3 возрасно лице СО ДОПЛАТА– со што се намалува комодитетот на собата. Цена на дополнително легло за возрасен или дете – НА БАРАЊЕ.
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
- Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Важни напомени:
- За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви. АКО ПАТНИКОТ НЕ ДОБИЕ ВИЗА,парите не се враќаат.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Мартео Травел ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ
Важат општите услови на патување на АТАМ и Мартео Травел