Мартео Травел

++ 389 31 412 640 

marteotravel@yahoo.com

 

Валидна за патување: 08-12.12.2016
4 ноќи - 380 ЕВРА
 

Цената е по лице за сместување во наведена двокреветна соба за даден период ноќевање со појадок
Цената е изразена во евра за уплата во денари (1ЕУР=62МКД)
 
НАПОМЕНА – ПРОГРАМАТА Е ВАЛИДНА ЗА ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА.
ЦЕНАТА Е ВАЛИДНА СОГЛАСНО СЛОБОДНИ МЕСТА НА АВИОНОТ ПО ПРОМО ТАРИФА.
 
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.
 
Програма на патувањето:
ДЕН 1 – СКОПЈЕ - ДУБАИ. Полетување на авионот за Дубаи во 13.00 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.00 часот. Индивидуален трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
ДЕН 2 -  ДУБАИ СО ТУРИ (ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour И НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise). После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи и  во вечерните часови одиме на крстарење по крикот (со вклучена вечера).
Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот полни со прекрасни спомени.
Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него.  Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна. 
ДЕН 3 – СЛОБОДЕН ПОЛОВИНА ДЕН ЗА ИНДИВИДУАЛНИ АКТИВНОСТИ (ОПЦИОНО ПОСЕТА НА НАЈВИСОКАТА КУЛА Burj Khalifa, ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА)
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода се вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање во кампот. 
ДЕН 4 - ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ.
Со оваа тура ќе посетиме неколку внимателно избрани знаменитости на главниот град на ОАЕ, главно гледајќи ги прекрасните згради кои се доказ за врвната архитектура која може да се види во светот. Ќе бидете во можност да го видите и осетите уникатниот спој на културата и традицијата на рачни занаетчиски изработки во оринеталните пазари на овој град.  Денес главниот град на ОАЕ е меѓу најзначајните и нјаголемите производители на нафта и еден од најбогатите градови на Бискиот исток. Нашата тура започнува со возење покрај вештачко пристаниште  Jebel Ali и на патот кон главниот град поминуваме покрај пустинските пејсажи, одвоени од патот со низа од багремови дрва. Нашата прва станица е прекрасната и најпознатата џамија Sheikh Zayed Mosque, каде ќе имате можност за кратко фотографирање. Потоа продолжуваме кон Heritage Village, село и место каде ќе ги видиме бедуините како работат. Потоа одиме кон Breakwater Island  за пауза за ручек во марина мол трговскиот центар (ручекот го плаќате сами индивидуално). Потоа застануваме кратко пред Emirates Palace хотелот и претседателската палата за кратко фотографирање. Влезот во Emirates Palace е исклучително со претходно одобрување и резервација, согласно расположливост и бара од гостите да се соодветно облечени (smart casuals). Нашата тура завршува со возење покрај прекрасните тревни пејсажи на нашиот пат кон Дубаи.
ДЕН 5 – ДУБАИ – СКОПЈЕ - Во раните утриснки часови индивидуален трансфер на аеродром во Дубаи. Полетување на авионот од Дубаи во 09.30 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.15 часот.
 
Цената вклучува:
-4 ноќевања во избраниот хотел на база наведената услуга – ноќевање со појадок
- Повратен авионски билет на релација  Скопје - Дубаи – Скопје со FLYDUBAI
- Услуга водич на српски јазик за факулативи и дополнителни информации во Дубаи
- Организација и реализација на патувањето.
 
Цената НЕ вклучува:
- аеродромски такси 45 ЕВРА
- трошоци за резервација (неповратни) – 2,170 мкд
- Виза за Дубаи 85 ЕВРА
- Трансфер аеродром - хотел – аеродром 20 ЕВРА по лице;
- Патничко осигурување
- ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ ПО ПРОГРАМА
- Останати индивидуални трошоци
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014
Во хотелот на лице место при check in или при check out   и истата изнесува:
* Хотели 3* / 3* lux 10  дирхами (10 DHS ≈ 2 EUR) по соба по ноќ
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на целот износ. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
- Во готово - уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
- кредитни картички
- уплата преку фактура
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две возрасни лица.
- Повисоки категории на соби и апартмани се на барање и цената е на барање заради доплата на повисока категорија на соба. 
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот       
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
- Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Важни напомени:
-   За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.     
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
 МАРТЕО ТРАВЕЛ ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ
Важат општите услови на патување на АТАМ и Мартео Травел