5 Дена / 4 ноќевања / Авион

1 ден 14.март.2017 СКОПЈЕ – БЕРГАМО

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 17:45 часот. Полетување за Бергамо во 19:35 часот. Пристигнување на аеродромот во Бергамо во 21:35часот. Трансфер до хотел и сместување. Слобободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

2 ден 15.март.2017 БЕРГАМО - НИЦА

Појадок. Трансфер до Ница со попатна пауза за одмор. Панорамски разглед на Ница со наш водич: променадата на Англичаните, најпознатиот хотел во Ница – хотелот “Негреско“, пристаништето Лумпија, споменикот на Гарибалди, Акрополисот, плоштадот Масена, авенијата Jean Medecin. Сместување во хотел. Попладнето прошетка низ Ница, можност за посета на ресторан или кафетерија. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 16.март.2017 НИЦА – АНТИБ – КАН - НИЦА

Појадок. Факултативна посета на Антиб и Кан. Антиб – прошетка на градот кој представува бисер на Медитеранот и едно од најстарите утврдувања на Азурната обала. Во градот доминира тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа познатата ексклузивна марина. Овде се наоѓа и музеј со една од најдобрите колекции на Пабло Пикасо). Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница. Во вечерните часови одиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 17.март.2017 НИЦА – ЕЗ - МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО - НИЦА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или предлагаме факултативна посета на Монако. Попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градината на Грејс Кели… Продолжуваме кон Монте Карло по стазата на Формула 1. Слободно време во Монте Карло за посета на познатите коцкарници. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 18.март.2017 НИЦА - БЕРГАМО– СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до Бергамо.Полетување за Скопје во 17:10 Пристигнување во Скопје во 19:05 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:27.800 мкд (449 €)

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА!!!

За првите шест патника цена: 369 евра (22.880 мкд.)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на наведената релација Скопје – Бергамо - Скопје со WizzAir

- Рачен багаж со димензии 42 х 32 х 25 цм

- Трансфер од аеродром Бергамо до хотел Бергамо

- Трансфер од хотел во Бергамо до Ница

- Трансфер од хотел во Ница до аеродром во бергамо

- Сместување во хотел 3* на база 1 ноќевања со појадок во Бергамо и 3 ноќевања со појадок во Ница

(предлог хотел во Ница UNIVERS 3* http://www.hotelunivers-nice.com/ )

- Организиран разглед по програмата

- Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси по лице се 3.990 денари

- Чекиран багаж / куфер до 23кг 1.900 денари

- Факултативна посета на Антиб и Кан 55 €

- Факултативна посета на Ез, Монако и Монте Карло 55€

- Туристичка такса во Бергамо и Ница се плаќа на рецепција 

- Влезници за локалитети

- Патничко осигурување

- Сите неспоменати трошоци

НАПОМЕНИ:

* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ

* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

* Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,

комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.

* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

* Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето