Автобус / 5 дена / 3 ноќевања

08.Март (Четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА

Состанок  на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 13.00 часот. Тргнување за Прага во 13:30 часот. Се патува преку Србија. Ноќно  возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

09.Март (Петок) ПРАГА

Пристигнување во Прага околу пладне. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, споменикот на Карло IV, Вацлавскиот плоштад, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани,Катедралата Св. Вито, Претседателската палата... Сместување во хотел. Ноќевање.

10.Март (Сабота) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок.Факултативен излетдо Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште  на европската аристократија и културна елита од 19-ти Век. Можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото "мосер", како и ликерот "беќеровка". Враќање во Прага во попладневните часови,факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.

11.Март (Недела) ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден. Дрезден е четвртиот по големина, урбан град во Германија, после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето изонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеи), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост... Враќање во Прага во вечерните часови.Препорачуваме посетна на национален ресторан – пивница. Ноќевање.

12.Март (Понеделник) ПРАГА - ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Виена. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Унгарија и Србија со куси попатни паузи. Пристигнување во Скопје следниот ден (13март) во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.240,00 денари....... 149€

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

Сместување во хотел 3* Прага на база 3ноќевања со појадок

Организиран разглед на Прага

Организиран разглед на Виена

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Крстарење по В’лтава 15 евра

Факултативна посета на Дрезден 30 евра

Излет до Карлови Вари 25 евра

Задолжително патничко-здравствено осигурување

Вечера во национален ресторан – пивница

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Т.А. Мартео Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето