08. Март (Четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Поаѓање за Венеција во 14.30 часот.Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

09. Март (Петок) ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во предпладневните часови и сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Слободно време за одмор. Во пладневните часови поаѓање за Венеција. Пристигнување и прошетка по плоштадот „Сан Марко“ истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, каналот Гранде, Дуждевата палата, мостот Риалто... Враќање во хотел во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

10. Март (Сабота) ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата-Фиренца. Разглед на градот: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

11. Март (Недела) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – ПАЛМАНОВА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот... Во попладневните часови тргнување за Македонија со попатна посета на познатиот аутлет шопинг центар Палманова. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден околу пладне.

 

Цена во претпродажба до 25 Јануари: 125 евра (7.750,00 мкд.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 135 евра (8.370,00 мкд.)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација

2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Лидo ди Јесоло

Разглед на градовите според програмата

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Карта за локален превоз - брод Пунта Сабионе - Венеција 15 евра

Факултативна посета на Фиренца 45 евра

Факултативна посета на Верона 10 евра

Задолжително патничко осигурување

Доплата за 1/1 соба ____ мкд.

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Т.А. Мартео Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето