Мартео Травел

++ 389 31 412 640 

marteotravel@yahoo.com

 

Период на патување 01.10.2016-30.04.2017
 
5 НОЌЕВАЊА ВО ДУБАИ + 2 НОЌЕВАЊА ВО АБУ ДАБИ + ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА + ПУСТИНСКО САФАРИ СО ВЕЧЕРА (СКАРА И ЛОКАЛНА ХРАНА) + КРСТАРЕЊЕ ПО КРИКОТ СО ВЕЧЕРА + ВОЗЕЊЕ СО БРЗ БРОД И ТУРА ПО МАРИНАТА + ПОЛУДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА АБУ ДАБИ

 

ДЕН 1 – СКОПЈЕ - ДУБАИ. Полетување на авионот за Дубаи во 13.00 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.00 часот. Пречекување на гостите од претставник на локална партнер агенција, трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

ДЕН 2 -  ДУБАИ СО ТУРИ (ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour И НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise). После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи и  во вечерните часови одиме на крстарење по крикот (со вклучена вечера).
Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот полни со прекрасни спомени.
Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него.  Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна.  
 
ДЕН 3 – СЛОБОДЕН ПОЛОВИНА ДЕН ЗА ИНДИВИДУАЛНИ АКТИВНОСТИ (ОПЦИОНО ПОСЕТА НА НАЈВИСОКАТА КУЛА Burj Khalifa, ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА)
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода се вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање во кампот.  

ДЕН 4 -  После доручек, ВОЛШЕБНИ 90 МИНУТИ ЗА ВОЗЕЊЕ И КРСТАРЕЊЕ СО БРЗ БРОД КАЈ МАРИНАТА. Возњењ со speed boat по Марината, Palm Jumeirah и покрај познатиот хотел Burj Al Arab.  
Дојдете да ни се придружите по најубавото брзо и возбудливо возење – спремете се за пловидба од Дубаи марината кон отвореното море, каде ќе пловите околу палмата, со пауза пред хотелот Atlantis за фотографирање, потоа продолжуваме кон Burj al Arab и назад кон марината, попатно проаѓајќи покрај прекрасната Кралска палата – сетоа ова спакувано во само 90 минутно возење
ДЕН 5 - СЛОБОДЕН ПОЛОВИНА ДЕН ЗА ИНДИВИДУАЛНИ АКТИВНОСТИ, РАНО ПОПЛАДНЕ ТРАНСФЕР ЗА АБУ ДАБИ. Пристигнување, сместување во хотелот NOVOTEL AL BUSTAN AUH 4* и ноќевање.  
ДЕН 6 – ПОЛУДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ. Попладне – слободно за индивидуални активности, опционо факултативни екскурзии се на располагање.  
Со оваа тура ќе посетиме неколку внимателно избрани знаменитости на главниот град на ОАЕ, главно гледајќи ги прекрасните згради кои се доказ за врвната архитектура која може да се види во светот. Ќе бидете во можност да го видите и осетите уникатниот спој на културата и традицијата на рачни занаетчиски изработки во оринеталните пазари на овој град.  Влезете во светот каде муслиманските дизајни и елементи се дел од модерната архитектура и прават волшебен спој, градот кој е спој на новото со древната традиција, спој на истокот и западот, каде зелените градини се бакнуваат и спојуваат со синилото на морето и небото.

ДЕН 7 - слбодно за индивидуални активности, опциони факултативни екскурзии се на располагање. 

ДЕН 8 – ДУБАИ – СКОПЈЕ - Во раните утриснки часови трансфер од Абу Даби на аеродром во Дубаи. Полетување на авионот од Дубаи во 09.30 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.15 часот.
 
 ХОТЕЛ категорија ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ДОПЛАТА ЗА SINGLE 3-то возрасно
лице на дополн. кревет
дете 0-9,99 на дополн. кревет дете 0-4,99 без дополн. кревет дете 5-9,99 без дополн. кревет
CITY MAX BUR DUBAI 3 * STANDARD € 929,00 € 260 N/A N/A € 639 € 689
AURIS INN AL MUHANNAH 4* STANDARD € 959,00 € 290 € 899 € 899 € 639 € 729
SOMEWHERE TECOM
HOLIDAY IN AL BARSHA 4* DELUXE € 989,00 € 320 N/A N/A € 639 € 669
NOVOTEL DEIRA
CITY CENTER
COPTHORNE 4* SUPERIOR € 999,00 € 350 € 939 € 919 € 639 € 769
JW MARRIOTT DEIRA
AVANI DEIRA
(EX MOEVENPICK DEIRA)
5* STANDARD € 1.049,00 € 380 € 939 € 919 € 639 € 729
MILLENIUM PLAZA
- нема допол. кревет
N/A N/A N/A N/A
JW MARRIOTT JADAFF 5* SUPERIOR € 1.079,00 € 390 € 969 € 949 € 639 € 759
CROWNE PLAZA
 
ЦЕНАТА Е ПО ЛИЦЕ ЗА ПЕРИОД 7 НОЌИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА СОБА.
ЦЕНАТА Е ИЗРАЗЕНА ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕУР=62МКД)
 
СМЕСТУВАЊЕ ВО АБУ ДАБИ Е ВО ХОТЕЛ NOVOTEL AL BUSTAN AUH 4* ЗА СИТЕ ВАРИЈАНТИ НА ХОТЕЛИ ПО ИЗБОР ВО ДУБАИ
Пакет цена за хотел CITY MAX BUR DUBAI 3*- цената е валидна за резервација до 14.09
Напомена - цените се валидни согласно моментална расположливост на места во хотелите (период на потврда на резервација 24 часа)
Напомена - цената не е валидна за период 30.12.2016-02.01.2017, период на манифестации и block-out дати (обратете се во Агенција)
ДОПЛАТИ ПО ХОТЕЛИ И СОБИ ЗА ВИСОКА СЕЗОНА, НОВА ГОДИНА И МАНИФЕСТАЦИИ, КАКО И BLOCK OUT ДАТИ – согласно програма

Цената вклучува:
- Повратен авионски билет на релација  Скопје - Дубаи – Скопје;
- вкупно 5 ноќевања во избраниот хотел на база наведената услуга во Дубаи (НП);
- вкупно 2 ноќевања во избраниот хотел на база наведената услуга во Абу Даби (NOVOTEL AL BUSTAN AUH 4* НП);
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром (збирен трансфер со претставник на партнер агенција);
- Трансфер помеѓу хотелите Дубаи-Абу Даби
- Полудневна градска тура Дубаи со збирен трансфер и водич на Англиски јазик
- Крстарење по крикот со дрвен брод со вечера со збирен трансфер и шофер (зборува Англиски јазик – нема на располагање водич)
- Пустинско сафари со вечера по програма со збирен трансфер и шофер (зборува Англиски јазик – нема на располагање водич)
- Полудневна градска тура Абу Даби со збирен трансфер и водич на Англиски јазик (не е вклучен ручек)
- Тура со брз брод 90 мин. По Марината (не е вклучен трансфер од/ до хотелот)  
- Организација и реализација на патувањето.
 
 
Цената НЕ вклучува:

- аеродромски такси 45 ЕВРА
- Виза за Дубаи 85 ЕВРА
- Опциони индивидуални екскурзии и факултативи
- Патничко осигурување
- Останати индивидуални трошоци.
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014
Во хотелот на лице место при check in или при check out   и истата изнесува:
* Хотели 5* или повеќе 20 дирхами (20 DHS ≈ 4 EUR) по соба по ноќ
* Хотели 4* / 4* lux 15  дирхами (15 DHS ≈ 3 EUR) по соба по ноќ
* Хотел 3*/3* lux 10 дирхами (10 DHS ≈ 2 EUR)  по соба по ноќ
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на целот износ. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
- Во готово - уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
- кредитни картички
- уплата преку фактура

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во стандардна двокреветна соба се две возрасни.
- Дополнителен кревет во соба и доплата - на барање. Со поставување на дополнителен лежај во стандардна двокреветна соба се намалува комодитетот на собата.
- Повисоки категории на соби и апартмани се на барање и цената е на барање заради доплата на повисока категорија на соба. 
- Еднокреветна соба – ДОПЛАТА СОГЛАСНО ЦЕНОВНИК
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот       
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
- Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
 
 
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

Важни напомени:
-   За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   
 
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ  ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
.
ДОПЛАТИ ЗА ВИСОКА СЕЗОНА, НОВА ГОДИНА И МАНИФЕСТАЦИИ, КАКО И BLOCK OUT ДАТИ
3* HOTELS
CITY MAX BUR DUBAI ARAB HEALTH 30.01-02.02.17 30 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
GULF FOOD 26.02-02.03.17 30 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
4* HOTELS
AURS INN AL MUHANNAH NEW YEAR 27.12.16-04.01.17 BLOCK OUT
SOMEWHERE NEW YEAR 30.12.2016-01.01.17 BLOCK OUT
COPTHORNE NEW YEAR 30.12.16-02.01.17 BLOCK OUT
ARAB HEALTH 30.01-02.02.2017 72 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
GULF FOOD 26.02-02.03.2017 72 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
JW MARRIOTT DEIRA NEW YEAR 28.12.16-02.01.17 BLOCK OUT
ARAB HEALTH 28.01-01.02.2017 159 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
GULF FOOD 25.02-01.03.2017 101 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
HOLIDAY INN AL BARSHA NEW YEAR 30.12.16-02.01.17 BLOCK OUT
ARAB HEALTH 30.01-02.02.2017 58 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
GULF FOOD 26.02-02.03.2017 58 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
NOVOTEL DEIRA CITY CENTER NEW YEAR 30.12.16-02.01.17 BLOCK OUT
ARAB HEALTH 30.01-02.02.2017 59 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
GULF FOOD 26.02-02.03.2017 59 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
5* HOTELS
MILLENIUM PLAZA GITEX 16-20.10.2016 88 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
GULF FOOD 07-09.11.2016 88 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
BIG 5 21-24.11.2016 88 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
NEW YEAR 30.12.16-01.01.17 BLOCK OUT
ARAB HEALTH 30.01-02.02.17 88 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
GULF FOOD 26.02-02.03.17 88 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
MARRIOTT AL JADAFF GULF FOOD 07-09.11.2016 202 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
NEW YEAR 30.12.16-01.01.17 BLOCK OUT
ARAB HEALTH 22.01-02.02.2017 202 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
GULF FOOD 25.02-02.03.2017 202 ЕУР ПО СОБА ПО НОЌ
CROWNE PLAZA GULF FOOD 07-09.11.2016 BLOCK OUT
BIG 5 21-24.11.2016 BLOCK OUT
NEW YEAR 29.12.2016-01.01.2017 BLOCK OUT
ARAB HEALTH 22.01-02.02.2017 BLOCK OUT
GULF FOOD 25.02-02.03.2017 BLOCK OUT
AVANI DEIRA NEW YEAR 29.12.2016-01.01.2017 BLOCK OUT
ABU DHABI
NOVOTEL AL BUSTAN ADIPEC 07-10.11.2016 BLOCK OUT
FORMULA 1 24-27.11.2016 BLOCK OUT
WFES 16-19.01.2017 BLOCK OUT
IDEX 19-23.02.2017 BLOCK OUT

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
  МАРТЕО ТРАВЕЛ ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ
Важат општите услови на патување на АТАМ и Мартео Травел