10. Октомври (вторник) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 15:00 часот. Поаѓање за Венеција во 15.30 часот.Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

11 Октомври (среда) ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во предпладневните часови и сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Слободно време за одмор. Во пладневните часови поаѓање за Венеција. Пристигнување и прошетка по плоштадот „Сан Марко“, истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, каналот Гранде, Дуждевата палата, мостот Риалто… Враќање во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

12 Октомври (четврток) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата-Фиренца. Разглед на градот: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити… Враќање во Лидо ди Јесоло во вечерните часови. Ноќевање.

13 Октомври (петок) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот… Во попладневните часови тргнување за Македонија со попатна посета на познатиот аутлет шопинг центар Палманова (доколку работи). Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден околу пладне.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
125 евра (7.750,00 мкд.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација

– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидo ди Јесоло

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Посета на Венеција (разглед, превоз и брод) 15 евра

– Факултативна посета на Фиренца 45 евра

– Задолжителна факултативна посета на Верона 10 евра

– Туристичка такса 2 евра по лице по ноќ (се плаќа во агенција)

– Патничко осигурување 200 денари

– Доплата за 1/1 соба 2.480 денари

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд.

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање!

Патникот има обврска да се јави во агенција 24 часа пред патувањето за да го потврди времето и местото на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Видео: