10 Октомври (вторник) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред хотелот „Холидеј ин“ во 17.30 часот. Тргнување за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

11 Октомври (среда) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови, а потоа факултативно вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

12 Октомври (четврток) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПАРНДОРФ – БУДИМПЕШТА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на Виена: панорамско разгледување на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата „Вотив“, зимскиот дворец Хофбург. Слободно време. На враќање, посета на шопинг-центарот Парндорф. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.

13 Октомври (петок) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 99€ (6.140,00 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

– Сместување во хотел 3*** во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Задолжително-разглед на Будимпешта со локален водич 10 евра

– Вечера во ресторан – чарда 25 евра.

– Крстарење со брод по Дунав 15 евра.

– Посета на Виена и Парндорф 35 евра (минимум 30 патници)

– Посета на Сент Андреа 10 евра.

– Влезници за музеите и културно-историските споменици.

– Патничко-здравствено осигурување 200 мкд.

– Доплата за еднокреветна соба 2.170,00 мкд.

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

За овој програм важат Општите услови на патување на Т.А. Мартео Травел и СКТМ.

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Т.А. Мартео Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Видео: